генералии (само мн.)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)